27-иот Државен натпревар по прва помош под мотото „Немаш уште еден живот“

На 22.09.2018 година на градскиот плоштад во Кичево, Црвениот крст на Република Македонија го одржа 27-иот Државен натпревар по прва помош под мотото ˮНемаш уште еден живот. Научи прва помошˮ. На овој државен натпревар учество земаа 28 младински екипи од Општинските организации на Црвениот крст. Општинската организација од Велес ја претставуваа победниците на овогодинешниот општински натпревар по прва помош – учениците од нашето училиште: Стојан Илиевски, Александра Илијевска, Марија Настовска, Ѓурѓица Трајковска, Љиљана Стојанова и Дијана Арсовска, под менторство на д-р Страхил Тодоров, наставник по стручни предмети. На овој натпревар тие го освоија 10-тото место, што е највисок пласман досега на ученици од нашето училиште на ваков вид натпреварување. На учениците им упатуваме искрени честитки, со желба за уште повисок пласман во блиска иднина.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *