Организацискиот одбор за прослава на Денот на училиштето ССОУ„Димитрија Чуповски“ распишува :
ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС
на тема:
Сите сме исти –сите сме различни
Право на учество имаат учениците од средните и основните училишта од Велес и околните општини.
Творбите треба да содржат:
-Име и презиме на ученикот
-Име и презиме на менторот
-Паралелка, училиште и контакт податоци –телефон или е-маил адреса
Лица за контакт Љубинка Ртоска, професор по македонски јазик и литература 076/386-036; Николова Верица, професор по македонски јазик и литература 076/340206 и Игновска Елеонора професор по македонски јазик и литература 076/386012 или на меил dimitrijacupovski_ve@yahoo.com .
Менторите и учесниците ќе бидат поканети да учествуваат на литературно читање и изложба од пристигнатите ликовни творби и на доделување на наградите на учениците.
ЛИКОВЕН КОНКУРС на тема:
Велешка архитектура
Право на учество имаат сите ученици од основно и средно образование од Велес и околните општини.
Создадените творби (литературни и ликовни) може да бидат во стих или проза ликовните творби можат да бидат во техника по избор на изведувачот и да се испратат до комисијата за конкурсот при училиштето најдоцна до 10-11-2018 година.
31-10-2018 год. Директор
Велес Маја Хеско