Ученици од ССОУ ,,Димитрија Чуповски” – Велес победници на квиз по противпожарна заштита

На 15.11.2018 година во Дом на култура – Крушево традиционално се одржа 36-тиот по ред регионален квиз натпревар во Противпожарна заштита. Во конкуренција на екипи од Битола, Крушево, Кавадарци, Неготино, Валандово и Гевгелија, екипата на нашето училиште ССОУ ,,Димитрија Чуповски” во состав од Христијан Киров, Ана Славевскаи Тамара Коцевска со освоени максимален број на бодови (65) го освои првото место и регионот ќе го претставува на државниот натпревар кој ќе се одржи во Св. Николе. Учениците се подготвуваа под менторство на професорот Љубе Јовановски Противпожарните квиз натпревари се организираат со цел да се подигне противпожарната култура и знаењето кај младата популација, а преку нив непосредно да се влијае и врз возрасните. На натпреварувачите им ја честитаме победатата и им посакуваме успех на државниот натпревар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *