Посета на нашето училиште од страна на учениците од Гимназијата ,,7 Марси” – Тетово

Во склоп на МИО активностите по повод патрониот празник на нашето училиште ССОУ ,,Димитрија Чуповски” – Велес на наше задоволство, во посета беа ученици од Гимназијата ,,7 Марси” – Тетово. На свечената приредба се одржаа повеќе активности. Учениците Роберто Андов, Киара Шакири, Есра Османова, Наталија Купенова, Алиса Кајтази се претставија со литературно читање на песна од Димитрија Чуповски на 5 различни јазици. За еднаквоста меѓу различните култури зборуваа учениците Симона Димовска, Тамара Коцевска, Стефан Стефков и Ана Славевска. Олгица Ончева и Камелија Јанева се претставија со свои литературни творби. За музичкиот дел се погрижи хорот на нашето училиште под менторство на Стојанче Иванов – професор по музичка култура. Водители беа учениците Христијан Киров, Сара Јанева и Павлина Митева. Учениците се подготвуваа под менторство на проф. Верица Николова. Во склоп на спортските активности се одржа пријателски натпревар во одбојка на кој победија учениците гости. Тие потоа, со придружба на нашите ученици беа во посета на музејот на град Велес. Голема благодарност до сите учесници во оваа активност и се надеваме на уште поголема соработка во иднина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.