Регионален натпревар по математика

Нашето училиште ССОУ ,,Димитрија Чуповски” – Велес продолжува да реди успеси. На општинскиот натпревар по математика беа одбрани најдобрите математичари кои продолжија да го претставуваат нашето училиште на регионалниот натпревар. Истиот се одржа на 16.02.2019 година во Валандово, каде што нашите ученици Славевска Ана, Стефков Стефан, Наумчева Викторија, Купенкова Наталија и Димовски Јовица го покажаа своето знаење од областа на математиката и постигнаа високи резултати. Учениците Наумчева Викторија и Купенкова Наталија освоија пофалници. Учениците се подготвуваа под менторство на проф. Мицев Благој и проф. Иванова Цвентанка. Им честитаме за резултатите и им посакаваме успех на нашите ученици на државниот натпревар.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *