Одржано литературно читање на љубовна поезија

На 05.03.2019 година ученици од нашето училиште имаа можност да разменат искуства со поетесата Марија Ртоска – поранешна ученичка во нашето училиште и студент на петта година на Факултетот за општа медицина при УГД Штип. Таа е автор на две збирки поезија „Кога љубовта повикува“ и „Воздишки на љубовта“, а на нејзиното гостување во училишната библиотека на средба со талентирани ученици кои пишуваат стихови, учениците имаа можност да разменат искуства околу мотивите и инспирацијата. Литературното читање стихови од личните творби и различни македонски автори беше организирано од Валентина Јанакиева Дечева – професор одговорен за библиотеката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *