Одбележување на 8 март – Меѓународниот ден жената во ССОУ ,,Димитрија Чуповски” – Велес

Учениците од ССОУ ,,Димитрија Чуповски’’ – Велес на најубав начин им го честитаа 8 март – Меѓународниот ден жената на сите припаднички од понежниот пол. За таа цел во просториите на нашето училиште, се одржаа активности во склоп на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (МИО),  литературно читање, рецитали, песна и глума,

Учениците Симона Димовска, Бојан Димитров, Викторија Јовева и  Љупче Митрески говореа за историјата и симболиката на овој празник како и за најмаркантните борци за правата на жените – Роза Луксембург и Клара Цеткин.

,,Нека овој ден ти биде посебен, сонцето постојано да те грее, не затоа што си жена, туку затоа што си единствена и поразлична од другите!’’ – дел од рециталот за важноста на жената на учениците Роберто Андов, Ана Славевска, Стефан Стефков и Тамара Коцевска. Во рамките на литературното читање, песната на ученичката Олгица Ончева беше интерпретирана на 5 различни јазици: Олгица Ончева – македонски јазик , Мелиса Дациќ – турски јазик, Алиса Кајтази – албански јазик, Наталија Купенкова – влашки јазик, Марија Димевска – бошњачки јазик. За музичкиот дел се погрижи хорот на нашето училиште под менторство на Стојанче Иванов – професор по музичка култура. Учениците Сара Василева, Бојан Андов, Ана Славевска и Ангел Жабев беа задолжени за изведба на кратка претстава за еднаквоста меѓу различните култури. Ученичката Мартина Пешова ја интерпретираше својата песна на тема ,,Мајка’’ со која што го освои првото место на литературниот конкурс распишан од страна на Клубот на писатели Велес ,,Коста Солев Рацин’’. Учениците се подготвуваа под менторство на проф. Верица Николова.

Им благодариме на сите што присуствуваа и помогнаа во реализацијата на овие активности и се надеваме дека и во иднина ќе следат уште многу вакви настани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *