Во склоп на активностите при практичната настава, на ден 16.04.2019 година во големата сала на нашето училиште, успешно се одржа едукативно предавање на тема ,,Грип и алергии” – болести кои што се актуелни во овој период од годината. Предавањето беше спроведено од страна на д-р Гоце Бузалков – субспецијалист за белодробни заболувања и на истото присуствуваа ученици од прва, втора, трета и четврта година здравствена струка – медицинска сестра. Целта на предавањето беше запознавање со болестите преку практични примери, нивниот тек, клиничката слика и мерките за превенција. Одговорен наставник – Весна Смилевска.