Посета на Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза – „Јасеново“.

На 18.04.2019 година, учениците од втора година – здравствена струка – медицинска сестра ја посетија Специјалната болница за белодробни заболувања и туберкулоза – „Јасеново“. Целта на посетата беше запознавање со работните задачи на здравствените работници. Учениците имаа можност да се запознаат и со просторните капацитети, апаратурата и медицинските услуги кои се нудат во болницата. Посетата на овие установи е во рамки на практичната настава и се реализира секоја учебна година. Одговорни професори – Весна Смилевска и Милица Арсовска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *