Дизајн на инклузивна средина на учење за поддршка на сите ученици
Дисеминацијата ја водеа Ирена Карова и Драгана Јованова, кои на останатите наставници им ги пренесоа стекнатите знаења од нивната мобилност која се одржа 13. 01 до 18.01. 2020 година во Фиренца, Италија.
Обуката ги имаше следните цели и насоки:
1. Наставниците да се запознаат со инклузивните средини во училиштата на земјите од Европската Унија;
2. Начини за олеснување на работата на наставниците при спроведување на наставните програми кај ученици со различни индивидуалности (надарени ученици, ученици со психофизички пречки, социо и етнички состав) во една училница;
3. Да се зголеми креативноста на наставниците за препознавање на разновидноста кај учениците, посебно кај ученици со попречености: аутизам, дислексија, дискалкулија, АДХД синдром, Турет синдром, опсесивно – компулсивно растројство.