Иако МАССУМ сè уште не е одржан, нашето училиште ССОУ ,,Димитрија Чуповски” веќе има едно прво место.
Во категоријата за Најдобар постер на МАССУМ 2020, организирана од ФОН Универзитетот, постерот изработен од ученикот Христијан Киров под менторство на проф. Љубинка Ртоска го освои првото место. Овој постер воедно е и официјалниот постер на МАССУМ Образовното рандеву 2020.
Ученикот Христијан Киров втора година по ред го освојува првото место – на Образовното рандеву во 2019 година тој се здоби со награда за прво место во категоријата Најдобро интервју за работа на англиски јазик, освојувајќи ги сите 1000 поени, како и трето место во категоријата за Најдобро кариерно портфолио. Оваа година тој учествува во вкупно 5 категории.
Овогодинешното Образовното рандеву, поради вонредната состојба, ќе се одржи онлајн на платформата на ФОН Универзитетот на 25 април.
Честитки за ученикот и менторот!