Почитувани средношколци!
Учебната година во ССОУ„Димитрија Чуповски“ ќе започне на 1-ви септември со физичко присуство, со почеток во 13 и 30 часот (втора смена). Ве известуваме дека треба да пристигнете во училишниот двор најдоцна во 13 часот и да ги следите протоколите и распоредот за влегување во училишната зграда.
Учениците од прва година ќе бидат пречекани од раководителите на паралелка во училишниот двор и заедно со нив ќе влезат во матичната училница. Раководители на паралелки:
1-1 Фармацевтски техничар – Хаџиева Снежана
1-2 Медицинска сестра – Иванова Цветанка
1-3 Гинеколошка сестра/Медицинско-лабораториски санитарен техничар/Физиотерапевтски техничар – Јовева Валентина
1-4 Техничар за козметичка нега и убавина – Јанков Горан
1-5 Техничар за заштита на животна средина – Левков Димче
1-6 Месопреработувач/Пекар – Дикова Емилија
Задолжително носете заштитна маска и почитувајте ги протоколите за одржување дистанца. Ви посакуваме среќна и успешна нова учебна година!