ПОВРЗУВАЊЕ НА ТЕОРИЈАТА СО ПРАКТИКА- БИТЕН СЕГМЕНТ ВО СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ!

Учениците од четврта година, од профилот медицинска сестра со професорката Весна Смилевска, како дел од практичната настава беа во посета на ПЗУ „Д-р Синадиновски“ од Велес. При посетата учениците во склоп на теоријата на предметот Хирургија со гинекологија и акушерство со нега -имаа можност практично да се запознаат со повеќе дијагностички процедури како што се; скрининг-прегледите во тек на бременост, кардиотокографија, земање на микробиолошки брисови, PAP-тест, ултразвук и колпоскопија. Голема благодарност за поддршката и соработката со д-р Љупчо Синадиновски, која ќе продолжи преку текот на учебната година со спроведување на часовите по практична настава за профилот медицинска сестра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *