На 7 февруари, учениците од паралелката 3-5 од профилот техничар за заштита на животна средина ја посетија Ботаничката градина и Миколошката лабораторија во Скопје, кои се во рамките на Природно Математичкиот Факултет. Овде слушнаа повеќе за фитодиверзитетот и значењето на заштитата на растенијата во Македонија, а ги видоа и слушнаа за најголемиот дел од различните видови на габи кои се сретнуваат на територијата на нашата држава. Во работилницата, учениците правеа и препарати за микроскопирање на различни видови на спори од печурки. Оваа посета беше реализирана за збогатување на содржините од предметот Одржлив развој, одговорен професор Руска Мицева.