Во целиот свет, денес, на 25-ти септември, се одбележува СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФАРМАЦЕВТИ! ССОУ‚‚Димитрија Чуповски‘‘ е училиште кое веќе 23 години придонесува во создавање на фармацевтски кадри кои имаат битна улога во подобрување на глобалното здравје. Фармацевтите придонесуваат во светот од кои секој има бенефит, како пристап до безбедни, ефикасни, квалитетни лекови и медицински технологии, така и од давањето на фармацевтска грижа. Оттука, улогата на фармацевтот е многу ВАЖНА!
По повод СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФАРМАЦЕВТИТЕ, 25 СЕПТЕМВРИ, учениците од нашето училиште им го честитаа денот на фармацевтите од нашиот град и искрено им се заблагодаруваме за искрената, срдечна и долгогодишна соработка со нашето училиште и секако отворените врати за практична настава на фармацевтскиот кадар. Исто така ги потсетивме и нашите сограѓани за важноста на нашата струка и им се заблагодаривме за довербата во нас.
Нека ни е честит 25-ти септември – Денот на фармацевтите!
Ви посакува тимот на фармацевти, со колегите и учениците на ССОУ‚‚Димитрија Чуповски‘‘ – Велес





