Од 7-9.12.2023, во Струга,се одржа Третата мировна средба во организација на Детската амбасада МЕЃАШИ на која присуствуваше проф. Елеонора Игновска. На средбата присуствуваа стотина професори и наставници од училиштата од Виница, Дебар, Гостивар, Македонски Брод, Велес, Штип, Радовиш, Куманово и Скопје, вклучени во Програмата за мировно образование, како и претставници од Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат, Центарот за стручно образование и Бирото за развој на образование. Мировната средба е замислена како место за сретнување, дружење, учење, размена на искуства, креирање нови соработки, но пред сѐ за оснажување и инспирирање за понатамошна мировна работа. На отворањето на средбата учествуваше министерот за образование, Јетон Шаќири кој одговараше на бројните прашања упатени од страна на наставниот кадар.