Со завршна Модна ревија,со Тивка аукција,креации и манекени наши ученици како дел од завршниот настан на проектот „Клуч за сопствен бизнис“

На 1 март, во фоајето на велешки Театар „Ј.Х.К Џинот“ се одржа и завршниот настан од проектот ,,Клуч за сопствен бизнис” кој го имплементираше Фондација за локален развој и демократија ,,Фокус”. Во овој проект беа вклучени вкупно 64 средношколци од 4те средни училишта на град Велес.

Учениците Стефани Стојчева, Викторија Дојчинова, Христијан Анастасов, Марија Нацева, Виолета Влахчева, Сашка Манаскова, Ива Петковска, Елена Петрова, Елена Хаџиева и Гордан Ќимов се модните дизајнери на десетте модни креации коишто се резултат на едукацијата за моден дизајн.

Настанот предизвика внимание на над 100 возрасни граѓани, родители на учениците, директори и професори на четирите средни училишта во градот кои беа логистичка поддршка на проектот „Клуч за сопствен бизнис“ како и пријатели и пријателки на вкупно 64 ученици вклучени во овој проект на Фондација „Фокус“.

Настанот го отвори Убавка Јаневска извршна директорка на Фондација „Фокус“ којашто помеѓу другото рече дека е презадоволна од постигнатите резултати на двете развиени програми за моден и за декоративен дизајн и истакна дека иницијативата произлезе од Младинскиот центар Велес.

Од вклученоста на вкупно 64 средношколци од Гимназија „Кочо Рацин“, ССОУ „Димитрија Чуповски“ , ССОУ „Коле Неделковски“ и СОУ „Јовче Тесличков“ кои девет месеци посветено работеа и посетија вкупно 32 обуки, поточно по 16 за теоретски знаења и усовршувања на вештини од моден и декоративен дизјан, преку изработка на скици и цртежи, кај модниот дизајн финализирани во модни креации, од сертифицираните две програми за моден и декоративен дизајн, од 78-те прирачници за теоретска обука подготвени од М-р Соња Пљакова и дипл. Инг. Архитект Цветанка Саздова, од осумите менторски и две консултативни средби итн.Ученици од нашето училиште кои успешно ја завршија академијата и се стекнаа со сертификати се:

Моден дизајн : Елиза Андова 4-4, Теа Славеска 2-2, Сара Дончевска 4-1, Костадинка Наумова 4-2, Марија Нацева 3-5

Декоративен дизајн: Лазар Ѓорѓиевски 2-2, Ангела Желкова 4-4, Сибел Исмаилова 4-5, Валерија Илиевска 4-5, Бојана Воденичарова 4-2, Емилија Трпкова 4-2, Мартина Смилева 4-2 и Елведина Куч 2-6

Проектот „Клуч за сопствен бизнис“ на Фондација „Фокус“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2-ReLOaD 2, финансирана од ЕУ и имплементирана преку Програмата за развој на Обидентите нации UNDP. Проектот е кофинансиран и од Општина Велес.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *