За првпат годинава и Република Северна Македонија е дел од Регионалната награда за сервисно/услужно учење на Мрежата на земјите од Централна и Југоисточна Европа за сервисно/услужно учење, со два проекти:
1. „Дали е реална виртуелната реалност?“, кампања на социјални медиуми за медиумска писменост и борба против лажни вести, во категоријата на неформални младински групи. Проектот го дизајнираа и спроведоа Бисера Ѓуроска, Димитар Георгиев, Флоња Исени и Елина Нуредини, под менторство на Маја Цветаноска, Рина Османи и професорките Надица Таневска Јанева, Ана Попризова и Арифе Шаини.
2. „Преку мерење на гликемија и крвен притисок до грижа за заедницата“, проект на ССОУ „Димитрија Чуповски“ од Велес, под водство на професорката Валентина Јовева. Овој проект се натпреварува во категоријата за училишта.
На 18 Октомври во Бајнсака Бистрица во Словачка од 249 пристигнати проекти беа избрани 34 финалисти во две категории- нефирмално учење и формално учење. По официјално пристигната покана од организаторот како единствен претставник од Република Северна Македонија на доделување на наградите беше поканета менторката на проектот финалист во категорија на формално учење.
Огромна радост и честитки за феноменалното второ место во категоријата на училишта за проектот „Преку мерење на гликемија и крвен притисок до грижа за заедницата“, на учениците Магдалена Бобевска, Марија Нечева, Драган Ничовски, Бојана Воденичарова и Марио Јорданов и професорката Валентина Јовева од ССОУ „Димитрија Чуповски“ од Велес, поддржан од LEAD- Leaders for Education, Activism and Development.