Креативноста на дело. ССОУ „Димитрија Чуповски“ Велес, во рамките на активностите по повод одбележувањето на Патрониот ден на училиштето, а со цел подигнување на еколошката свест на младите, организираше натпревар за учениците од деветто одделение од основните училишта и нашите средношколци, на тема „ЗЕЛЕНА мода 2024“. Модните дизајни беа осмислена приказна која ги движеше и развиваше креациите, при тоа користејќи отпаден материјал кој може да се реупотреби.
Моделите беа комплетно претставени на организираниот настан на 7.11.2024год. – преку ревијално презентирање на креацијата, модните додатоци, шминка, изведба и слично и оценувани според оригиналноста, креативноста и иновативната употреба на одбраните материјали.
На овој повик од основните училишта учествуваа тимови од:
– ООУ „Петар Поп Арсов“-Богомила, модел „EcoGlam“, освои ПРВА награда
ментор Драганчо Таневски
– ООУ „Блаже Конески“-Велес, модел „Фустанот за дада“ освои ВТОРА награда, ментор Ружица Петрушевска – Николовска и
– ООУ „Васил Главинов“-Велес, модел „IT girl“ кој освои ТРЕТА награда, ментори Милка Андонова и Македонка Грков.
Од нашето училиште учество зедоа пет тима:
- ПРВА награда – модел „Ткаени сонови“ од 1-5 паралелка,
- ВТОРА награда – модел „Црно бел сјај“ од 3-1 паралелка,
- ТРЕТА награда – модел „ Fall dress“ од 1-4 паралелка и
Mоделите „Змиска сенка“ од 3-3 паралелка и „Пролет“ на 3-4 паралелка беа пофалени.