Програма за изведување на стручно-истражувачка екскурзија за учениците од I (прва) година при ССОУ,,Димитрија Чуповски“ – Велес во учебната 2024 / 2025 година
Посета на Крушево – корелација меѓу светското наследство и туризмот
Воспитно-образовни цели:
- да се истакне значењето на својата култура, историјата на својата земја и нејзината природна околина,
- учениците да ги препознаваат предностите и можните закани што ги носи туризмот за заштитата на светското наследство,
- учениците подобро да ги разберат корелациите меѓу трендовите во туризмот и зачувувањето на светското наследство.
- посета на туристичка агенција или туристичко биро за информации.
Задачи:
- запознавање со квалитетот на туристичката понуда на културните и природните локалитети;
- запознавање со општите упатства за однесување на туристите;
- запознавање со процесот на туристичко менаџирање на локалитетите на светското наследство
- запознавање со работата на туристичкиот работник, потребното образование и потребните лиценци за работа
Содржини и активности:
- посета на музејот на Илинденското востание и Крушевската Република;
- посета на споменикот на Никола Карев и на Питу Гули;
- посета на споменикот Мечкин Камен
- посета на Меморијалната спомен куќа на Тоше Проески
- разгледување на туристичката понуда на културните и природните локалитети во Крушево
- добивање на сознанија за туристичкото менаџирање на локалитетите преку разговор со туристичкиот водич и одговорните лица на посетените места
- посета за туристичка агенција
Времетраење: 1 ден (месец мај, 2025 година)
Раководител на екскурзијата е Љубе Јовановски- наставник по историја во ССОУ„Димитрија Чуповски“ Велес
Екскурзијата е наменета за учениците од I година.
Техничка организација – екскурзијата е организирана од агенција со лиценца А која ги исполнува условите за превоз на групи деца согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи деца.
Финансирањето на екскурзијата е индивидуално од страна на секој ученик.
Тим за изработка на програмата
Мимоза Јовиќ, Билјана Василева Бојчев, Љубе Јовановски ,
Емилија Дикова, Драгана Јованова, Сандра Стојчиќ, Дијана Даскалова, Христо Љапов
ПРОГРАМА за изведување на стручно истражувачка екскурзија со ученици од II (втора) година при
ССОУ „Димитрија Чуповски “– Велес во учебната 2024/2025 година
Цели на екскурзијата се:
- Истражување на учениците од областа на уметноста, урбаната и меѓуетничката култура, иновации и претприемништво и поврзување со знаењата (историја, македонски јазик и литература)
- Запознавање со културно-историските, национални и естетски вредности на други држави;
- Примена на вештини и ставови преку непосредно запознавање на одредени појави, природни убавини, култyрно-историските знаменитости на поблиската и пошироката заедница;
- Применување на стекнатите теоретски и практични знаења по стручните предмети за сите квалификации кои ќе бидат вклучени во изведување на ескурзијата.
- Интегрирарање на целите од повеќе наставни програми што се во интерес на струките и содржините програмирани од училиштето.
- Посета на болница и фирма во склоп на нашите квалификации
Задачи:
- развивање на позитивен однос кон националните, уметничките, научните и општообразовните вредности на Република Македонија;
- запознавање на различните култури и знаменитости во земјата;
- запознавање со културата и начинот на живеење на луѓето во одделни краеви.
- развивање на чуството за патриотизам, толеранција и соживот;
- формирање на позитивен однос кон националните културни и естетски вредности;
- формирање на демократски ставови, социјализација, колективна заштита и стекнување на нови сознанија и искуства;
- поттикнување и манифестирање на позитивни емоции, другарување и поддршка, солидарност и подобро взаемно запознавање;
- развивање и поттикнување колективна свест и заштита (спрема материјалната, општествената и животната средина).
- поврзување на стекнатите знаења од теорија и пракса со секојдневните активности
Содржини и активности:
1ден: Тргнување во утринските часови од пред училишната зграда. Патување за Скопје, панорамско разгледување на градот. Продолжување на патот за Тетово и посета на Фабриката за пакување Ди Љуље. Посета на Шарената џамија и манастирот Свети Атанасија во Лешок. Продолжување на патот и посета на манастирот Јован Бигорски и попатна посета на кањонот на реката Радика. Продолжување на патот кон Вевчани со попатна посета на хидроцентралите Шпиље и Глобочица панорамско. Ручек во Вевчани. Пристигнување во попладневните часови во Охрид. Сместување во хотел, вечера и посета на дискотека.
2ден: Појадок. После појадокот разгледување на Охрид – Самуиловата тврдина, Плаошник, Свети Климентовиот универзитет, Свети Јован Канео, Света Богородица. Посета на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо”. Посета на Националниот парк Галичица, Заливот на коските, посета на Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања. Поаѓање за Битола, панорамско разгледување на Битола и Широк сокак. Во вечерните часови поаѓање за Велес.
Раководител на екскурзија наставници и ученици
За раководител на екскурзијата е именуван Методи Јованов професор по историја раководител на паралелка II2.
Паралелки и класни раководители кои ќе бидат вклучени во изведување на екскурзијата:
Наставници: Силвана Карагиропва II1,Методи Јованов II2, Љубинка Ртоска II3
Ирена Карова II4, Руска Мицева II5, Селма Амедоска II6
Ученици – Учениците од II година од ССОУ,,Димитрија Чуповски“ – Велес
Времетраење
Оваа екскурзија е со време траење од 2 (два) дена, од кои 1(еден) работен со 1 ( едно) ноќевање, а се планира да биде реализирана во месец мај 2025 година.
Локации за посета и правци на патување:
Велес-Скопје-Тетово-Охрид-Битола –Велес
Локации за посета: Посета на фабриката за пакување Ди Љуље, посета на Шарена Џамија и манастирот Свети Атанасија во Лешок, посета на манастирот Јован Бигорски и кањонот на реката Радика, попатна посета на хидроцентралата Шпиље и Глобочица и посета на Вевчани, разгледување на градот Охрид – Самуиловата тврдина, Плаошник, Свети Климентовиот универзитет, Свети Јован Канео, Света Богородица, Посета на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо”, Национален парк ,,Галичица” , Заливот на коските, посета на Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања, како и панорамско разгледување на Битола и Широк сокак.
ТЕХНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА:
Согласно Правилникот за начинот на изведување на училишни екскурзии за учениците од средните училишта ,училишната комисија формирана од Училишниот одбор, ќе ги преземе сите постапки за реализација на истата. (Патувањето ќе биде со современи автобуси кои ги исполнуваат потребните стандарди.)
НАЧИН НА ФИНАНСИРАЊЕ:
Родителот/старателот ги надоместува сите финансиски трошоци за екскурзијата.
Тим за изработка на програмата
Силвана Карагирова, Методи Јованов, Љубинка Ртоска, Ирена Карова
Руска Мицева, Селма Амедоска, Ѓоре Андов, Лилјана Наумовска
ПРОГРАМА за изведување на екскурзија со учениците од III (трета) година при ССОУ„Димитрија Чуповски“-Велес во учебната 2024/2025 година
Вид на екскурзија: Завршна екскурзија | Цел на екскурзијата: Запознавање на учениците со природните и историските знаменитости на повеќе европски држави;Запознавање со културно-историското минато;Запознавање со културата и со начинот на живеење на луѓето во одделни краевиФормирање на позитивен однос кон националните, интернационалните, културни и естетски вредности; Запознавање со природните реткости во поглед на растителниот и животинскиот свет;Развивање интерес и грижа за природата и практикување на еколошки навики;Поттикнување и манифестирање на позитивни емоции, другарување и поддршка, со солидарност и подобро взаемно запознавање. Оваа ученичка екскурзија е поврзана со група наставни предмети: Географија, Историја, Биологија, Ликовна уметност, Екологија и Англиски јазик. |
Задачи на екскурзијата: Учениците да направат споредба со наставната програма, со природните и општествени објекти на теренот.На учениците да им се развие љубов кон природата, културното наследство и зачувување на природната средина од аспект на екологијата.Запознавање и зближување (социјализација) на учениците од трета година. |
Време на изведување: Април-Мај 2025 год. | Времетраење: Шест дена |
Патен правец, предели, подрачја, објекти што ќе се посетат: 1 ден.Тргнување пред училиштето. Патување кон Италија преку Србија, Хрватска и Словенија со попатна посета на Белград и разгледување на Калемегдан и Кнез Михајлова. Слободно време за прошетка низ центарот на градот. Се продолжува кон Италија со попатни паузи за одмор. Ноќно патување. 2 ден. Пристигнување во Лидо Ди Јесоло. Прошетка низ познатата улица и плажата, слободно време. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање. 3 ден. Појадок. По појадокот се продолжува кон Венеција со брод. Разглед на градот познат како град на водата, Гондолите и Светлината со локален водич, плоштадот Сан Марко, мостот на воздишките, Дуждевата палата, многубројните канали, Каналот Гранде, мостот Риалто. Слободно време за прошетка. Враќање во хотелот во попладневните часови. Вечера. Ноќевање. 4 ден. Појадок. Заминување кон Верона. Разглед на градот со локален водич, плоштадот Бра, Данита, Ерба, Арена и куќата на Јулија. Кратка пауза во живописниот град Сирмионе кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото Лаго Ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање. 5 ден. Појадок. Напуштање на хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Трст. 6 ден. Пристигнување во Македонија. *Во понудата да биде пресметано патничко осигурување, влезници за културно-историски знаменитости и трансфер со брод до Венеција | |
НАЧИН НА ФИНАНСИРАЊЕ: Родителот/старателот ги надоместува сите финансиски трошоци за екскурзијата. | |
Учесници на екскурзијата: • Класните раководители од III година, ученици од III година. Забелешка: Екскурзијата ќе се реализира со согласност од минимум 30% од родителите на учениците опфатени со екскурзијата. | Одговорни наставници: 1. Билјана Гајдова Николовска 2. Маја Михалчев 3. Емилија Најдова 4. Елеонора Игновска 5. Марина Крстиќ |
Раководител на екскурзијата Емилија Најдова
Тим за изработка на програмата
Билјана Гајдова Николовска, Маја Михалчев, Емилија Најдова, Елеонора Игновска
Марина Крстиќ, Мартин Ефремов, Валентина Печевска