На ден 07.05.2025год тим од наставници и ученици присуствуваше на завршната работилница од проектот ,,Квалитетно образование за сите“.Во овој проект учество земаа 25 училишта од земјава меѓу кои беше и нашето училишт. Целта на овој проект е промовирање на демократијата и човековите права во образованието како и подготовка на младите луѓе со потребните вештини и алатки за да живеат во мултикултурно општество. На овој настан секое училиште имаше можност да ги сподели своите практики во создавањето демократско и инклузивно училишно управување, а училиштата имаа можност за размена на искуства.



