На 30 април, во „Младинскиот Центар Матично“ во Скопје, здружението ЕкоЛогик и нашето училиште организиравме мултипликаторен настан под мотото „Пријави се. Поврзи се. Инспирирај се. Научи. Сподели. Развивај се себе и учениците“
На овој начин се одбележи успешната соработка помеѓу наставниците и учениците, во рамки на проектот: GREEEN (GREEEN – Games, Resources, Environment, Entrepreneurship and Education Network), кои заедно создадоа значајни едукативни материјали, интегрирајќи теми од уметност, технологија, природни и општествени науки. На овој настан беа претставени:
- Прирачник за претприемништво – со нови идеи за претприемачки предизвици.
- Прирачник за воннаставни активности – креативни решенија за учење надвор од училница.
- Онлајн лекции – 80 нови дигитални ресурси кои ќе го збогатат искуството на наставникот.
- Презентација на најдобрите еколошки иницијативи и претприемачки проекти – извонредни примери на иновации и еколошки проекти во кои учениците активно учествуваат.
- Статии од онлајн весник, создадени од учениците– повеќе од 100 написи кои се фокусирани на еколошки прашања и претприемништво
- Презентација на стрип – визуелно инспиративно согледување на еколошките проблеми.
На овој настан, ученици од нашето училиште споделија директни искуства од нивното учество во самиот проект, како што се: креирање на блог и стрип, еколошки иницијативи и претприемачки проекти.







