На 37-миот квиз натптевар по противпожарна заштита, кој се одржа во салата ,,Бели мугри”, во катеторија јуниори учениците Христијан Киров, Ана Славевска и Тамара Коцевска го освоија првото место под менторство на професорот Љубе Јовановски. Квизот го водеа учениците Георгина Ртоска и Петар Стојановски, а во културно-уметничкиот дел свој придонес дадоа Радица Милошева, Мартина Стаменкова, Катерина Вишинова и Ивона Јовиќ – задолжен професор Љубинка Ртоска.
Противпожарните квиз натпревари се организираат со цел да се подигне противпожарната култура и знаењето кај младата популација, а преку нив непосредно да се влијае и врз возрасните. На натпреварувачите им ја честитаме победатата и им посакуваме успех.