Постигнати одлични резултати на натпреварот ,,Ноември месец на науката” – 2019

Оваа година манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“ се одржа на 30.11.2019 во просториите на Природно-математички факултет – Скопје. Настанот е наменет за учениците од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, биологија, хемија, географија и математика.

На натпреварот учествуваа и ученици од нашето училиште ССОУ ,,Димитрија Чуповски” – Велес и  ги постигнаа следниве резултати:

Под менторство на проф. Мимоза Јовиќ, област биологија

  • Роберто Андов – прва награда
  • Емилија Илиевска – учество
  • Нела Честојанова – учество

Под менторство на проф. Руска Мицева, област биологија

  • Тамара Коцевска – учество

Под менторство на проф. Снежана Хаџиева, област хемија

  • Михаил Трајков – прва награда
  • Јовица Димовски – втора награда

Настанот вклучуваше:

– научно-популарни предавања
– натпревар во експеримент/изработка/ симулација/модел од ученик
– презентации на искуства од наставници
– работилници
– посета на лаборатории на ПМФ

Честитки за учениците и нивните ментори за постигнатите резултати. Им посакуваме уште поголем успех во иднина!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *