Хуманитарна акција во ССОУ ,,Димитрија Чуповски” – Велес за опожарените куќи кај Варналиите

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, во просториите на нашето училиште ССОУ,,Димитрија Чуповски” се одржа хуманитарна акција. Основната цел на акцијата беше да се соберат парични средства кои ќе се донираат за опожарените куќи кај Варналиите, но и да се разбуди желбата за грижа кон другиот, потребата за делење и подарување.

Во подготвувањето на Божиќните колачи учество зедоа учениците од 3-та година хемиско-технолошка струка, профил – прехрамбен техничар. Со својата креативност, учениците од сите четири години се вклучија и во изработка на Новогодишни честитки. Одговорниот тим на професори беше составен од: проф. Ирена Карова, проф. Биљана Домазетова, проф. Љубинка ‘Ртоска, проф. Александра Банева и проф. Александар Александровски.

Голема благодарност до сите ученици и професори кои беа вклучени во реализацијата на оваа хуманитарна акција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *