Одбележување на 14 февруари – Денот на вљубените во ССОУ ,,Димитрија Чуповски” – Велес

Учениците од ССОУ ,,Димитрија Чуповски’’ – Велес на најубав начин им го честитаа 14 февруари – Денот на вљубените на сите присутни. За таа цел во просториите на нашето училиште, се одржаа низа активности во склоп на проектот за Меѓуетничка интеграција на млади во образованието (МИМО) –  литературно читање, рецитали, песна и глума.

Учениците Симона Димовска, Љупче Митрески, Ана Славевска и Тамара Николовска говореа за историјата и симболиката на овој празник како и за традициите во разни краеви од земјата. Двајцата маченици Св. Трифун и Св. Валентин се прогласени за свети и се празнуваат и на Исток и на Запад – од страна на православната и католичката црква.

,,Да сакаш е ништо. Да бидеш сакан е нешто. Но, да сакаш и да бидеш сакан е сѐ!’’ – дел од рециталот за љубовта на учениците Марија Диковска, Сара Крстиќ, Лора Чаушевска, Викторија Јовева, Олгица Ончева и Петар Најдовски. Во рамките на литературното читање, песната на ученичката Наталија Купенкова со наслов ,,Љубов, вино ли си што ме опи’’ беше интерпретирана на 5 различни јазици: Роберто Андов – македонски јазик , Есра Османова – турски јазик, Киара Шакири – албански јазик, Наталија Купенкова – влашки јазик, Марија Димевска – бошњачки јазик. За музичкиот дел се погрижи хорот на нашето училиште под менторство на Стојанче Иванов – професор по музичка култура. Учениците Анамарија Крстевска, Ангела Попчева, Јована Ѓорѓиева, Стефан Стефков и Бојан Димитров беа задолжени за изведба на кратка претстава за еднаквоста меѓу различните култури и љубовта без граници, заедно со нараторот Верица Стојановска.

Учениците се подготвуваа под менторство на проф. Верица Николова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *