„Зимска еко мисија – Велес селектира текстилен отпад“

Општина Велес, во соработка со колективниот постапувач Тексомак ДОО Скопје, организираше едукативен настан, за правилно управување со отпад од текстил за деца и млади, на 11.12.2025 година во Големата сала на општината. Нашето училиште, со презентација на тема Текстилен отпад и неговото влијание врз животната средина, го претстави ученичката Тања Ајтова, од IV-5 клас, од образовниот профил техничар за заштита на животна средина, под менторство на наставникот по Управување со отпад, проф. Ѓоре Андов. Настанот се одржа под мотото „Зимска еко мисија – Велес селектира текстилен отпад“, со цел да ја поттикне свеста кај најмладите за реупотреба и рециклирање на текстилниот отпад. Апелираме, текстилниот отпад да се одложува во специјални контејнери, од кои еден таков е поставен и во нашето училиште, за да не заврши со комуналниот отпад на депониите. На тој начин, сите ќе придонесеме за почиста и поздрава животна средина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *