На регионалниот натпревар по биологија кој се одржа онлајн на 14 март оваа 2025 година нашите ученици имаа успешно учество и постигнаа одлични резултати.
Ученици кои се натпреваруваа во категоријата за прва година ги постигнаа следниве награди и резултати: Костадин Клемов – II награда, Андреј Петровски – III награда, , Ева Ангеловска – III награда и Михаела Смилевска – III награда. Сите продолжуваат на државниот натпревар.
Во категорија за трета година учествуваа следниве ученици: Ива Андоновска и Бојана Миланова – добија II награда. Додека учениците Теа Самарџиева, Бојана Василева, Јована Недева, Марија Пановска, Рада Наумовска, Ивана Михајловска, Милан Зафиров и Изабела Анѓелкова – освоија III награда. Сите ученици продолжуваат и на државниот натпревар.
Им упатуваме честитки за успехот и на учениците: Никола Спасев, Миа Несторова и Катерина Мицева кои добија пофалници, како и за учеството на Кристина Шопова и на Натали Маџовска.
Ментори: Руска Мицева, Мимоза Јовиќ и Селма Амедоска.
На учениците им честитаме на постигнатиот успех и им посакуваме уште подобри резултати на државниот натпревар кој треба да се одржи на 10 мај оваа година, на Природно Математичкиот Факултет во Скопје.