Воспоставување национален систем за превенција од употреба на дроги во училиштата

Во рамки на проектот „Воспоставување национален систем за превенција од употреба на дроги во училиштата“, започнаа тренинзите за јакнење на капацитетите на стручниот кадар за превенција од употреба на дроги во училиштата на територијата на Р.С.Македонија. Во периодот од 11 до 14 август 2026 година во Хотел „Глориус“ – Велес се реализираше обука за превенција од употреба на дроги во средните училишта. На обуката од нашето училипте учество зедоа Весна Славеска – педагог и Драгана Јованова – професор. Целта на тренинзите е да се зајакнат капацитетите на професионалците кои работат со млади за планирање, спроведување и унапредување на превентивните активности во училиштата, во согласност со современите научни сознанија и меѓународните стандарди за превенција.

Во текот на тренинзите учесниците имаа можност да се запознаат со основните принципи на ефективната превенција, факторите на ризик и заштита кај младите, карактеристиките на програмите засновани на докази, како и со Националните стандарди за превенција од употреба на дроги и програма за превенција развиени во рамки на проектот.

Особено внимание беше посветено на улогата на училиштата во создавање средина која ги поддржува здравиот развој, благосостојбата и отпорноста на младите, како и на улогата на наставниците и стручните служби во препознавање на ризиците и развивање квалитетни превентивни активности.

Тренинзите претставуваат важен чекор кон понатамошно унапредување на превенцијата во училиштата и создавање основа за поодржлив, покоординиран и поквалитетен пристап кон справување со предизвиците поврзани со употребата на дроги кај младите.

Стекнатите знаења и вештини понатака ќе бидат применети во работата со учениците во нашето училиште како дел од програмата за „Воспоставување национален систем за превенција од употреба на дроги во училиштата“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *