Едукативно предавање за ХИВ/СИДА

По повод обележувањето на 1 декември – светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, нашето училиште ССОУ ,,Димитрија Чуповски” – Велес во соработка со Општинската организација на Црвен Крст – Велес, одржа едукативно предавање со цел запознавање на учениците основци со основните поими за ХИВ/СИДА. Предавањето беше спроведено од страна на учениците Славевска Ана и Јанева Сара од III-2 , под менторство на проф. Малик Сури. Едукативните предавања беа одржани во сите пет основни училишта во нашиот град: ООУ “Васил Главинов” , ООУ “Кирил и Методиj”, ООУ “Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, ООУ “Благој Кирков” и ООУ “Блаже Конески”. На учениците им беше укажано за пренесувањето – трансмисија, најчести знаци – симптоми, што треба да се направи – третман и како да се заштитат од ХИВ/СИДА . Учениците и понатаму ќе продолжат да се едуцираат на теми за здраво живеење и од останати области во текот на учебната година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *