Освоено второ место на Меѓународен конкурс за изработка на видео по повод Денот на планетата Земја

На Меѓународниот конкурс распишан по повод 22 април – Денот на планетата Земја, во организација на Регионалното здружение на физичари – Струмица, ученикот Христијан Киров од нашето училиште го освои второто место под менторство на Емилија Најдова – професор по физика. Учесниците во овој конкурс имаа задача да креираат видео на тема: ,,Да ја заштитиме планетата Земја со добри практики – стоп на загадувањето”. Целта беше да се подигне свеста кај луѓето за заштита на животната средина. Учениците ќе бидат дополнително информирани свеченото доделување на наградите за најдобро пласираните.

Во продолжение погледнете го видеото на ученикот Христијан Киров во кое активно учество земаа и учениците Олгица Ончева и Драгана Димовска со толкување на улогите.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=fjZyTXgUZUQ[/embedyt]

Честитки за учениците и менторот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *