Награден конкурс организиран по повод 70 годишнината од формирањето на НАТО

По повод 70 годишнината од формирањето на Северно-атлантската алијанса (НАТО пактот), ГАУС институтот објави државен конкурс за истражување и собирање материјали за изработка на оригинални видео записи како и материјали за објава во збирка на трудови (цртежи, стрипови, кратки и оригинални одговори/искази, есеи и мини приказни).  Проектот Children@Game.Edu.NATO беше отворен за пријава на училишта и/или поединци ученици.

Од нашето училиште учество зема ученикот Христијан Киров кој е победник на конкурсот во категоријата за изработка на видео запис (NATO@70Movie) под менторство на проф. Благица Аризанова. Доделувањето на наградите беше одржано на свечен промотивен настан во Битола во НУ Завод и музеј.

Честитки за ученикот и менторот кои зедоа учество во ова креативно истражување!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *