Светскиот ден на мирот – 21 Септември

На 20.09.2019 г. по повод Светскиот ден на мирот – 21 Септември, во рамките на проектот Мировно образование, организиран од Првата детска амбасада „Меѓаши“, учениците од ССОУ Димитрија Чуповски ја реализираа Парадата на мирот која оваа година беше посветена на климатските акции за спас на планетата Земја.

Учениците изработија транспаренти со пораки за мир и зачувување на животната средина. Парадата беше реализирана заедно со учениците од другите средни училишта, а учество земаа и дечињата од градинката Димче Мирчев.

Одговорни наставници, учесници во проектот Мировно образование, Елеонора Игновска и Надица Теова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *