Доделени наградите за најдобриот видео запис на тема „Велес низ мојот објектив”

Комисијата за заштита на правата на децата по повод 9-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Велес објави јавен конкурс за изработка на видео запис на тема: ,,Велес низ мојот објектив”. Целта на конкурсот беше да се стимулира и поттикне креативноста кај младите и да јакне љубовта кон родниот град. Конкурсот беше отворен за сите ученици од средните училишта од Општина Велес, а изработените видеа беа прикачени на Фејсбук каде што бројот на лајковите одлучија кој ќе победи.

Од нашето училиште учество зема ученикот Христијан Киров кој го освои ПРВОТО место под менторство на проф. Руска Мицева. Како награда за најдобриот оргинален видеозапис, на 08.11.2019 во Младинскиот парк, Комисијата за заштита на правата на децата му додели видео камера.

Честитки за ученикот и менторот кои го преставија нашето училиште во најдобро светло.

Видеото можете да го погледнете на овој линк, како и на страната на Општина Велес.

https://www.facebook.com/opshtinaveles/posts/2463726150411664

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=JO4gGRcCCPE[/embedyt]

Фотографија: Општина Велес

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *