На ден 29-11-2019 година во 16 часот во просториите на училиштето ССОУ „Димитруја Чуповски“ се одржа шестиот по ред „Квиз по хемија“ за учениците од основните училишта. На истиот зедоа учество 4-те општински училишта од Велес;
- ООУ „Васил Главинов“
- ООУ „Св.Кирил и Методиј“
- ООУ „Блаже Конески“
- ООУ „Панко Брашнаров“
Првото место им припадна на учениците од: ООУ „Блаже Конески“, второто на ООУ „Панко Брашнаров“ и третото на ООУ „Васил Главинов“. Во забавниот дел на квизот учениците Сандра Генева , Јовица Димовски, Мартина Пешова, Симона Димовска, Виолета Шопова и Ивона Тодоровска изведоа интерсни експерименти со што ја поткренаа заинтересираноста на присутните ученици. Во текот на целиот квиз натпревар успешно го водеа учениците Никола Трајановски и Георгина Ртоска под менторство на наставник Љубинка Ртоска. Музичка нумера Тажна љубов среќна песна – изведе ученичката Милошева Радица.
За регуларноста на натпреварувањето се погрижи три члено жири во состав:
• Снежана Хаџиева
• Билјана Штипјанова и
• Ефимија Југова
Сите ученици беа наградени со дипломи и благодарници како и скромни подароци. За организацијата и реализацијата на целиот настан беше одговорна Валентина Јовева.