Одржана 43-та Школа на млади физичари

На 29.11.2019 година во просториите на Природно-математички факултет – Скопје се одржа 43-тата Школа на млади физичари организирана од страна на Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ). Школата е наменета за учениците од основните и средните училишта и нивните наставници по физика. Програмата вклучува натпревар во експерименти и изработки, демонстрации, предавања и други активности.

Оваа година од нашето училиште учество зедоа две ученички под менторство на проф. Емилија Најдова и ги постигнаа следниве резултати:

  • Наталија Купенкова – трето место
  • Викторија Јовева – учество

Честитки за учениците и нивниот ментор за постигнатите резултати. Им посакуваме уште поголем успех во иднина!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *