МАССУМ 2020: Ученик од Велес најуспешен на натпреварот

МАССУМ – Младинска Асоцијација на Средните Стручни училишта во Македонија, официјално постои од 2006 година и има за цел да го подобри животот на младите, да ги подготви за лидерство, нивен личен напредок и поголем успех во кариерата. Мисијата на МАССУМ е подобрување на личните вредности на учениците и нивна подготовка за светот на конкуренцијата преку организациски и комуникациски вештини, практична работа и учење.

Овогодинешното Образовното рандеву, поради вонредната состојба, се одржa онлајн на платформата на ФОН Универзитетот на 24 и 25 април. Учениците со своите ментори-професори од ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес учествуваа во вкупно 9 категории.

Во конкуренција од околу 60-тина средни стручни училишта од Р.С. Македонија, ученикот Христијан Киров од ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес беше најуспешен и најнаграден натпреварувач на МАССУМ 2020. Со учество во вкупно 5 категории, тој се здоби со награда за следниве:

  • Најдобар постер – ПРВО место / златен медал под менторство на проф. Љубинка Ртоска со што постерот е и официјален за МАССУМ 2020;
  • Интервју за работа на англиски јазик – ПРВО место / златен медал под менторство на проф. Андријана Богевска и проф. Благица Аризанова-Шопов. Во оваа категорија ученикот освојува прво место втора година по ред со максимален број на поени и со тоа се здоби со целосна стипендија за прв циклус на студии на универзитетот ФОН од Скопје;
  • Најдобра фотографија – ВТОРО место / сребрен медал под менторство на проф. Емилија Најдова.

Учениците од нашето училиште постигнаа одлични резултати и во следниве категории:

  • Интервју за работа на македонски јазик – ВТОРО место / сребрен медал за Никола Трајановски 3-1 ментор Љубинка Ртоска;
  • Најдобар Маркетинг планВТОРО место / сребрен медал за Сара Крстиќ, Викторија Јовева, Анамарија Крстева и Мартина Настовска 3-2 ментор Марина Крстиќ.

Ученичката Георгина Ртоска постигна одлични резултати во категориите за Најдобра поетска творба и Јавен говор со висок пласман. Останати учества нашите ученици зедоа во категориите: Најдобро кариерно портфолио – Христијан Киров и Најдобар филм – Христијан Киров, Драгана Димовска, Лора Чаушевска и Олгица Ончева.

Овој успех покажува дека во нашето училиште освен на полето на стручни знаења, се работи и на развивање на комуникациски и организациски вештини неопходни за изградување на сестрани личности кои сигурно ќе чекорат на патот кон успешен професионален развој и кариера.

Честитки за сите ученици и ментори!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *