НАГРАДЕН КОНКУРС

НАГРАДЕН КОНКУРС

за учениците од завршните години

од училиштата за основното образование во Р. С. Македонија

По повод Патрониот празник на нашето училиште Наставничкиот совет на ССОУ „Димитрија Чуповски“-Велес распишува награден конкурс на тема:

„Мојот гостин прв пат во мојот град“

Каде ќе го прошетате вашето гостинче од друг град или можеби од друга држава. Покажете му ги знаменитостите, и убавините на градот (вашето место и најблискиот град за учениците од помалите места)  во кој живеете и растете преку видео презентација, или презентација во Power Point. Во презентацијата можете да додадете музика, говор, анимиран текст. Максимална должина на видео презентацијата е 5 мин, или 15 слајдови за презентација во Power Point. Презентацијата можат да ја изработат најмногу до 5 ученика и пожелно е тие да бидат од различна националност.

Критериуми за оценување                             максимум поени

Содржина                                                                                       50

Оригиналност на фотографии и видеа                               25

Застапеност на мултимедија и естетика                           25

Вашите презентации заедно со пропратен текст во word за опис на презентацијата, тимот кој ја работи, наставник ментор доколку имате и ваши информации за контакт испратете ги на e-mail: staseva@gmail.com

Најдоцна до: 10.11.2022

Успешна работа

Наставнички совет на ССОУ „Димитрија Чуповски“-Велес

Дата: 26.10.2022

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *