Erasmus+ проект GREEEN – Games

Од 14 до 15 ноември, професорите Руска Мицева и Драгана Јованова учествуваа на транснационалниот работен состанок во рамките на Erasmus+ проектот GREEEN – Games, Resources, Environment, Entrepreneurship, Education Network. Состанокот се одржа во Никозија, Кипар во организација на партнер организацијата Synthesis. Нашето училиште  е една од партнер организациите во овој проект, како и Sprijin si Dezvoltare – Асоцијација од Романија, Danilo Dolci – невладина организација лоцирана во Палермо и Eco-Logic – организација од Македонија како главен координатор на проектот.

Цели на проектот се: подобрување на неформалното и формалното образование во областа на заштитата на животната средина и одржливиот развој, развој на активно граѓанство и претприемачки вештини помеѓу учениците и образовните институции, активизам во областа на животната средина и претприемништво, дигитална едукација и градење на капацитетите.

Оваа средба се искористи за меѓусебна координација и планирање на идните активности за реализација на проектот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *