Да и посакаме добредојде на пролетта и да го одбележиме денот на екологијата 21 март, со чистење и уредување на училишниот двор. Учениците со исполнетост и насмевки на лицето спроведоа еко-акција за разубавување на средината во која секојдневно поминуваме време, водени од мотото дека само во здрава, чиста и незагадена средина можат да се развиваат здрави личности.