На 26-10-2024година во Пехчево се одржа 60-тиот Државен натпревар на младите истражувачи од Република Северна Македонија.
ССОУ „ Димитрија Чуповски“ – Велес се претстави со 6 ученици во различни области. Учениците покажаа одлични познавање во областите во кои настапија и освоија високи места на самиот натпревар. Три ученички го освоија Првото место а останатите три – второ место.
Се натпреваруваа следните ученици:
- Михаела Витева 2-1 клас, област: Применета неорганска хемија, ментор Валентина Јовева- 1-во место- златен медал
- Миа Несторова 2-1 клас, област: Квалитет и безбедност на храна, ментор Валентина Јовева 2-ро место – сребрен медал
- Нааумина Стоилкова 4-1 клас, област: Квалитет и безбедност на храна, ментор Снежана Хаџиева -1-во место- златен медал
- Моника Манаскова 4-1 клас, област Применета органска хемија, ментор Снежана Хаџиева -2-ро место – сребрен медал
- Кристина Купенкова 4-2 клас, област: Микробиологија, ментор Руска Мицева – 1-во место- златен медал
- Елена Наумова 4-2 клас, област:Екологија ментор Руска Мицева – 2-ро место- сребрен медал
Горди сме на нашите ученици и нивните успеси кои ги постигнуваат континуирано.





