Регионалната средба на НАЈГЛАСНИ

Училиштето ССОУ„ Димитрија Чуповски“ од Велес беше домакин на регионалната средба на НАЈГЛАСНИ организирано од страна на ЛЕАД. Учесниците беа запознати со правилата и критериумите како и начинот на аплицирање за нетпреварот на средношколски заедници. Училиштето како учесник во финалната фаза на ова натпреварување во 2023 година остави одличен впечаток за што беа поканети и тогашните учеснички кои сеуште се во нашето училиште: Магдалена Бобевска и Теа Славеска да го споделат нивното искуство од завршниот настан, како и нивно видување за измените и подобрувањето на работењето на нашата средношколска заедница. На настанот беа присутни и новиот претседател Даниел Србов, неговиот заменик Мартина Ѓорѓевиќ како и членот на заедницата Филип Камчев. Покрај нашето училиште имаше претставници и од останатите средни училишта од нашиот град како и училишта од Повардарскиот регион. Одговорен наставник за оваа активност беше Валентина Јовева.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *