ТИМОТ „ МЕДИКУС “ од ССОУ „ ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ“-Велес учесник на Меѓународна конференција за сервисно учење во Тузла- Босна и Херцеговина

Сервисно учење-методологија, уникатен образовен пристап е темата на Меѓународна конференција одржана воТузла, Босна и Херцеговина, од 12 до14 декември на која учествуваше и тим од нашето училиште. По освоеното второ место на натпреварот за севисно учење во категорија на формално образование, ја добивме и официјалната покана за Тузла. Имавме можност уште еднаш достоинствено да го претставиме нашето училиште, нашиот град и нашата држава. Чест и задоволство е да се биде меѓу најуспешните во регионот каде што од присутните земји на Западен Балкан бевме единствени добитници на ваква награда. На оваа манифестација присуствуваа менторот на проектот Валентина Јовева, член од МЕДИКУС тимот Теа Славеска и педагогот на училиштето Весна Славеска. Во Велешкиот тим беше и Општинскиот инспектор Македонка Виларова која беше панелист на настанот. Убавите спомени и стекнатите нови искуства се мотив повеќе за уште поголемо вложување и работа на терен на целиот тим. Нашата соработка со учесниците од Босна и Херцеговина, Црна гора, Албанија, Косово и Србија продолжува и понатаму. Организаторот на настанот се поздрави и ни кажа дека не чекаат уште многу работни средби во иднина.Се надеваме дека ќе успееме да ги мотивираме и останатите училишта во нашиот град да се придружат кон сервисното учење кое пружа многу можности за поврзување на теоријата со праксата во интерес на заедницата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *