Се информираат сите ученички од секторот лични услуги, квалификација Техничар за козметичка нега и убавина при ССОУ „Думитрија Чуповски“ – Велес дека во тек е јавен повик за избор на 8 ученички за учество во Еразмус проект во својата струка. Ученичките треба да бидат од втора и трета година од своето образование во училиштето. Проектот ќе биде аплициран во месец февруари Ученичките треба да исполнат одредени услови според критериумите дадени од Националната агенција за Еразмус проекти за средни стручни училишта во Република Северна Македонија.
Ви посакуваме многу среќа и искрено се надеваме дека нашето училиште ќе успее да го добие проектот. Ученичките да се пријават кај одговорниот наставник за проектот, Ирена Карова.