ЗАЕДНИЧКО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА  СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

7 – МИ АПРИЛ  ֦Соработувај со природата за здравје˝

Нашето училиште „Димитрија Чуповски“, како образовна институција која цели 8 децении образува и едукативно подготвува кадар за потребите на здравството, по повод Светскиот ден на здравјето-7ми Април ги покани основците од велешкиот регион на заедничко обележување.

Со таа цел, да дадеме свој придонес во подигање на свеста на секој поединец,  Тимот од фармацевти вработени во ССОУ „Димитрија Чуповски“ имаше идеја преку натпревар, на тема ֦Соработувај со природата за здравје˝ кај учениците од основните училишта да  поттикнат размислување, истражување и креативност  за градење на  тема, но и тоа дека природата игра важна улога во здравјето и благосостојбата на луѓето. Темите требаа да ја прикажат поврзаноста на природните науки и природата како основа за изнаоѓање на лековите.

На денешниот натпревар учество земаа 5 основни училишта

1. TИМ: ПОУ,,Страшо Пинџур,, Кавадарци С. Дреново

2. ТИМ: ООУ Васил Главинов ,Велес

3. ТИМ: ООУ’’Блаже Конески‘‘ – Велес

4. ТИМ: ООУ’‘Тодор Јанев‘‘ – Чашка

5. ТИМ: ООУ’’Св.Кирил и Методиј‘‘ – Велес

Жири комисијата ја сочинуваа претставници од нашите долгогодишни и верни соработници од бизнис-секторот, кои со отворени врати ги примаат нашите ученици како за редовна пракса за време на учебната година дел од наставата за учење преку работа кај работодавач, така и за време на летниот период.

Жири комисијата имаше мошне тешка задача од сите одлични презентации да додели три награди, а тоа се:

3.место TИМ: ПОУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци С. Дреново, Ментор: Анкица Деков – проф. по биологија

НАСЛОВ НА ТЕМАТА:ЛОРДРЕН(сируп/чај од ловоров лист)-За мирен сон без кашлица, здраво и витко тело како убавец /убавица

1. Ангел Бошев

2. Елена Попова

3.Зорица Димкова

4.Марија Тодева

5.Трајче Костов

2. место ТИМ: ООУ„Блаже Конески“ – Велес  Ментор: наставник по биологија – проф. Ружица П.Николовска

НАСЛОВ НА ТЕМАТА: „Природата и науката – совршен спој за здравјето“

1. Лука Коциќ

2. Ева Јаковлевска

3. Ева Стоилковска

4. Ања Арсовска

5. Ана Јовановска

1. место ООУ Васил Главинов, Велес – Ментор: Настав. по биологија Ленче Јаневска

НАСЛОВ НА ТЕМАТА: „ Природата е најдобриот лекар. – Лековити растенија од Велешкиот регион кои помагаат против разни болести                  

1. Изабела Димков

2. Даниела Теова

3. Кристина Штерјовска

4. Мартина Ристовска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *