Велигденски базар

Во рамките на МИМО проектот (Меѓуетничка интеграција на младите во образованието),во пресрет на Велигденските празници се одржа работилница на тема: „Одбележување на празници“. Одговорните професори: Селма Амедоска, Емилија Дикова и Марина Крстиќ, заедно со ученици од прва и трета година изработија велигденски експонати со кои земаа учество на училишниот велигденски базар организиран од Општина Велес. Нашето училиште продолжува со својата мисија да ја негува и промовира религијата, традицијата и културата како наш идентитет, a истовремено да се почитуваат различностите и вредностите на меѓуетничката интеграција, како и поттикнување и развивање на граѓанската партиципативност на учениците  во Град Велес.

Тимот на МИМО Ви посакува Среќни Велигденски Празници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *