На 61-от Државен натпревар на млади истражувачи – Наука на млади, во организација на Народна техника, кој се одржа во Куманово на 17 мај 2025 год. сите наши ученици кои учествуваа се вратија со награди.
Ученичката Леа Андонова од 2-2 освои златен медал во областа Ботаника и зоологија под менторство на професор Руска Мицева.
Теа Самарџиева од 2-2 освои златен медал во областа Квалитет и безбедност на храна. Миа Несторова од 2-1 освои сребрен медал во областа Применета неорганска хемија, и Ева Митева од 3-1 во областа Биохемија освои сребрен медал, сите под менторство на професорката Валентина Јовева.







