Во соработка со здружение на граѓани „Ековита“ од Неготино, во нашето училиште се реализираше едукативна практична работилница за одгледување печурки од видот буковки.
Учениците од профилите – техничар за заштита на животна средина, фармацевтско лабораториски техничар и хемиски лабораториски техничар имаа можност да научат како се одгледуваат печурките буковки, преку практично работилница.
Во претходно пастеризирани вреќи со струготини беше ставен мицелиум, кој во наредниот период ќе прерасне во вкусни и хранливи печурки. Учениците со голем интерес учествуваа во сите фази од процесот.
Како опрема училиштето доби: инсектицидна светилка, дигитален микроскоп, термохигрометар, светлосен термометар, убоден термометар, лед светилки, сушара, мелница, голема дигитална вага. Целокупната опрема, супстрат и семенски материјал е дониран за едукативни и практични потреби на училиштето.
Оваа активност е дел од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од People in Need North Macedonia во партнерство со ARNO, LEAD- Leaders for Education, Activism and Development и Ековита.
Нашето училиште ССОУ „Димитрија Чуповски“ е единственото училиште од нашиот град вклучено во овој проект.
Одговорен наставник – Руска Мицева






