Во рамките на проектот “Мировно образование”- ПДАС МЕЃАШИ, на 21-22.11.2025 се одржа Четвртата конференција за мировно образование на која учествуваа професорките Елеонора Игновска, Надица Теова и Менка Николова.Преку работа во мали групи се споделија различни идеи и практики за Мрежата на мировни училишта, што доведе до прецизно идентификување на клучните предизвици кои треба заеднички да се надминат. Со усвојување на заедничката Повелба/Декларација на Мрежата на мировни училишта се официјализираше нејзиното формирање, со што се постави јасна долгорочна цел; мировното образование да стане целосно интегрален и функционален дел на воспитно-образовниот систем во Република Македонија. Да го пронајдеме мирот во себе – а мирот во нас нека биде рефлексија на општеството кое го посакуваме! На Конференцијата свое обраќање имаа министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска и директорката на БРО, м-р Милка Тримчевска.







