Во нашето училиште денес беше спроведена и успешно реализирана евакуациска вежба во соработка со Територијалната противпожарна единица и обучени волонтери на Црвениот крст. Преку активностите што ги демонстрираа,учениците и вработените се запознаа со постапките за брза реакција во случај на пожар како и укажување на прва помош кај повреди здобиени со пожар.






